Кошаркарите на Фени индустри ја остварија шестата победа во БИБЛ – лигата, совладувајќи ја Сутјеска на домашен терен во Кавадарци со 80-55. Гостите изненадија со добра игра во првата четвртина и ја добија со шест поени предност (15-21), но кавадарчани возвратија со полна мера во вториот период и на одмор заминаа со два поени позитива (30-28).
Добрата игра на Фени продолжи и во третата четвртина, кога беше создадена солидна предност, а противникот беше декласиран до самиот крај на мечот.
Матија Чешковиќ со 24 поени беше најефикасен во таборот на Фени индустри, 18 поени зад своето име запиша Георге Шарабидзе, а Јане Петровски беше стрелец на 11 поени.
Во редовите на Сутјеска ниту еден кошаркар не беше двоцифрен, а по девет поени уфрлија Здравко Бошковиќ и Џермејн Томас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА