Тениската ѕвезда Рафаел Надал и неговата девојка Хиска Перело ќе прават свадба на 19 октомври на Мајорка објавува ексклузивно шпанскиот весник „Last Hour“. Приемот за гостите ќе биде на имотот „La Fortalesa“, на островот и ќе има исклучително силно обезбедување. Најтешко ќе им биде на папараците за кои единствен пристап ќе биде преку море.
Обајвени се и дел од гостите кои ќе бидат присутни на свадбата, меѓу нив се Фелицијано Лопез и Фернандо Вердаско од тениските ѕвезди, како и члeновите на кралското семејство и Хуан Карлос со кого Надал е близок пријател.
„La Fortalesa“ е популарна локација за венчавки на славните, на неа свaдба правеше и Герет Бејл, а имотот се прослави по британската серија „The night manager“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА