Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос конечно ќе ја одведе пред олтар својата долгогодишна партнерка Пилар Рубио со која се во врска повеќе од седум години.
Венчавката е закажана за јуни, а први кои добија покани се комплетниот тим на „кралевите“. 32-годишниот Рамос поканите ги поделил на тренингот во Валдебебас, притоа не заборавајќи буквално никого. Покрај фудбалерите од Реал на свадабата ќе бидат и неговите соиграчи од репрезентацијата на Шпанија.
Серхио ја запозна Пилар, која и покрај своите 40 години е една од најубавите жени во светот, по Европското првенство 2012. Заедно имаат три сина. Најстариот Серхио е роден во 2104 година, Марко е роден во 2015 година а најмладиот Алехандро има само девет месеци.
Убавата новинарка и актерка од капитенот на Реал е постара осум години. Фудбалерот ја запроси изминатово лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА