Свечен прием и срдечна средба на Сејдини со претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Гравина (ВИДЕО/ ФОТО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини вечерва приреди прием за првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина и неговите најблиски соработници во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 меѓу двете репрезентации.

Сејдини имаше срдечна средба со својот добар пријател Гравина на која присуствуваа и новиот спортски менаџер на италијанската селекција, легендарниот Џанлуиџи Буфон како и новиот италијански селектор Лучијано Спалети.

Двајцата претседатели си разменија и подароци. Сејдини му подари, меѓу другото на Гравина, македонски дрес од Елиф Елмас, а претседателот на ФФМ, пак, од италијанскиот колега доби дрес од Имобиле.

На средбата, во корелација со Амбасадата на Италија во Македонија беше приредена и изложба на фотографии од најсветлите моменти на италијанскиот фудбал на настанот на Националната арена “Тодор Проески” во организација на Фудбалската федерација на Македонија.

 

Се вчитува...