Македонското знаме се развеа на свеченото отворање на 33. Олимписки игри кои денеска свечено беа отворени во Токио.
Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, крај кого се појави и Арбреша Реџепи, која во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на Covid-19.
Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА