Свен Бендер по осум години го напушта Дортмунд и се сели во Леверкузен за сума од 15 милиони евра. Поранешниот германски репрезентативец по долго време повторно ќе заигра покрај својот брат близнак, Ларс Бендер. 28-годишниот одбранбен фудбалер потпиша петгодишен договор со „фармацевтите“.
„Пред неколку дена се обратив на клубот околу мое заминување. Ми беше потребен нов предизвик по осум години во Дортмунд. Поради повредите не можев да ја вратам формата и да добивам повеќе шанса за настап, затоа сум благодарен на клубот што ја разбира мојата желба да заминам“ – изјави Бендер.
Дефанзивецот кој може еднакво добро да ги извршува и обврските во средниот ред, имаше само осум настапи минатата сезона. Со неговиот брат, Ларс Бендер потекнуваат од академијата на Минхен 1860.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА