Германскиот првак Баерн Минхен ќе го задржи голманот Свен Улрих во своите редови уште три сезони. Чуварот на мрежата имаше договор до крајот на сезоната, но раководството на клубот одлучи да го задржи до 2021 година. Тој оваа сезона доби шанса да застане на голот откако Мануел Нојер се повреди и подолг период е надвор од тренажен процес, и очигледно дека тренерот Јуп Хејнкес и раководството на клубот се задоволни од неговите настапи.
„Среќен сум што добив понуда и во наредните три сезони да бидам дел од Баерн Минхен. Ќе се трудам максимално да ја искористам секоја шанса, а јас и моето семејство сме задоволни од статусот и животот што го имаме во Минхен“, изјави Свен Улрих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА