Свештеници против преименување на стадионот на Наполи во „Диего Марадона“

Група на свештеници напиша писмо до неполскиот бискуп Крешенци Сепе барајќи да се спротистави стадионот на Наполи „Сан Паоло“ да биде преиуменувам во Диего Армандо Марадона.

Марадона минатата недела почина на 60 годишна возраст, а градоначалникот на Наполи Луиџи де Магистрис одлучи стадионот „Сан Паоло“ да го преименува во Диего Армандо Марадона. Иако идејата ги воодушеви навивачите на Наполи, група на свештеници напиша писмо во кое бара да се сопре одлуката за менување на името.

„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се вика по светецот кој ни го доведе Исус. Со понизност чувствувам одговорност да го кажам тоа. Ќе биде добро стадионот да биде именуван „Сан Паоло Марадона“, како во Милано каде се наоѓа „Сан Сиро – Меаца“. Тоа би бил вистински компромис ако ја спасиме верата, но и да му дадеме чест на Диего“, стои во соопштението на свештениците. 

Се вчитува...