Светислав Пешиќ ќе го „гаси пожарот“ во Баерн Минхен!?

Кошаркарскиот тим на Баерн Минхен, се реши да му врачи отказ на тренерот Гордон Хербет, па позицијата главен тренер на германскиот клуб сега е слободна. Нема индикации кој би можел да го наследи Хербет, но грчките медиуми упатени со ситуацијата, објавуваат дека тоа би можело да биде доскорашниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ.

За Србинот ова би било враќање во тимот кој го водеше од 2012 до 2016 година, а последните четири години ги мина на селекторската позиција на Србија, со која освои сребро на Светското првенство и бронза на Олимписките игри, но по неуспехот на Евробаскетот беше сменет од позицијата.

Под водство на Пешиќ, Баерн Минхен играше три сезони во Евролигата, и се етаблираше како тим кој сака долгорочен настап во најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Се вчитува...