Светислав Пешиќ останува селектор на Србија

Светислав Пешиќ останува селектор на Србија. И покрај тоа што нему му заврши договорот со КСС, а претходно српските медиуми најавија дека тој ќе се повлече од селекторската позиција, сепак промена за планот за еден од најтрофејните српски кошаркарска тренери.

Пешиќ бил веќе на состанок со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ и се договориле за продолжување на соработката.

Постои идеа на Пешиќ да му се даде долгогодишен договор и низ наредниот период сам да го воведе тренерот кој планира да го замени кога ќе ја заврши својата мисија. На тој начин би бил и ментор на својот заменик и иден наследник.

Неодамна и Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ истакнаа дека би било добро Светислав Пешиќ да остане на клупата на Србија.

Се вчитува...