Синоќа, по долга церемонија, во центарот „Кенеди“ во Вашингтон се одржа ждрепката за групите за Светското првенство во 2026 година, а тоа ќе биде првото Светско првенство со 48 репрезентации учеснички.
Националните селекции се поделени во 12 групи со по четири селекции, а интересно е што сите домаќини добија релативно „полесни“ групи, што веќе предизвика и сериозни коментари меѓу голем број фанови на фудбалот во светот, па и медиуми. Дали ФИФА ги „помилува“ домаќините со полесни групи!?
Во група со домаќинот Мексико би била и Македонија, доколку ја мине мартовската двојна бараж пресметка. Македонија е во група плус со Јужна Кореја и Јужноафриканската република.
За потсетување, двете најдобри селекции од секоја група одат во 1/16-финалето, каде што ќе им се придружат осумте најдобри третопласирани селекции.
Првенството во 2026 година ќе се игра од 11 јуни до 19 јули следната година.
ГРУПИТЕ ЗА СП 2026
Група А: Мексико, Јужна Кореја, Јужноафриканска република, МАКЕДОНИЈА/ Чешка/Ирска/Данска
Група Б: Канада, Швајцарија, Катар, Италија/Северна Ирска/Велс/Босна и Херцеговина
Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити
Група Д: САД, Австралија, Парагвај, Турција/Романија/Словачка/Косово
Група Е: Германија, Еквадор, Брегот на Слоновата Коска, Курасао
Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, Украина/Шведска/Полска/Албанија
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај
Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, Боливија/Суринам/Ирак
Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан
Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, ДР Конго/Јамајка/Нова Каледонија
Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

