Реал Мадрид и Аталанта вечерва од 21 часот на „Националниот стадион“ во Варшава, во финалето на Суперкупот на УЕФА.
Натпревар кој светот го очекува и поради официјалното деби на Килијан Мбапе во „кралскиот дрес“, во обидот за нов запишан рекорд на Реал Мадрид. Откако шпанскиот тим минатата сезона дојде до јубилејната 15-та Лига на шампиони совладувајќи ја во финалето Борусија Дортмунд (2-0), вечерва со победа би дошол и до својот шести Суперкуп, со рекорд по број на освоени титули пред Барселона и Милан кои имаат по пет трофеи во Суперкупот.
Од друга страна, Аталанта која триумфираше во Лигата на Европа со победата од 3-0 во финалето над Баер Леверкузен, сега дебитира во Суперкупот во желба да го изненади Реал. Аталанта е 41-та екипа која ќе игра во Суперкупот, а интересно е што ова ќе биде четврта година по ред како Европа има нов учесник во финалето.
Од друга страна, Реал е искусен учесник на Суперкупот и ова ќе му биде деветти пат да се бори за овој трофеј.
Аталанта вечерва ќе биде и ослабена со неиграњето на неколку многу важни играчи како Скамака, Скалвини и Копмајнерс кои отсуствуваат поради повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА