Вечерва, светот на фудбалот ќе го знае добитникот на престижната „Златна топка“ за најдобар фудбалер во изминатата сезона. Усман Дембеле и Ламинe Јамал се фаворити, но наводните информации од Париз говорот дека сите во фудбалскиот свет на крај би можеле да бидат шокирани.
Доделувањето на Златната топка за најдобриот фудбалер во светот е на програмата вечерва. Во Париз, сè е подготвено за спектакуларна церемонија, а името на најдобриот сè уште се чува во строга тајност. Организаторот „Франс Фудбал“ не сака да се случи ситуација како минатата година, кога еден ден претходно протече информацијата дека добитник е Родри и поради која Реал Мадрид одлучи да го бојкотира доделувањето на наградата, со оглед на тоа што Винисиус Жуниор бил ограбен.
Само првиот човек на „Франс Фудбал“, Винсент Гарсија, сега го знае добитникот. Дури ни добитникот не ја има информацијата, но угледните европски медиуми сепак шпекулираат со имињата за наградата. Усман Дембеле и Ламине Јамал се главни фаворити за освојување на Златната топка. На Французинот му се даваат најголеми шанси, но одредени информации тврдат дека Јамал ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на светот.
Шпанската „Марка“, сепак, тврди дека фудбалскиот свет ќе биде шокиран вечерва.
„Никој не знае кој е добитник на Златната топка. Ништо конкретно не е откриено. Луѓето ќе бидат шокирани“, пишува „Марка“.
Од поодамна немалво ваква неизвесност околу името на добитникот на наградата за најдобар фудбалер во светот. Изминативе години, информациите беа објавени во јавноста и сè беше познато однапред.
Сепак, „Франс фудбал“ и Винсент Гарсија решија да стават крај на тоа. Сè се прави во тајност и можеме само да почекаме да видиме кој ќе го подигне трофејот.
👋 Bonjour
📍 Paris
🌡️ 11°C #ballondor pic.twitter.com/KVOOASpRrD— Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025
Церемонијата во Париз започнува вечерва во 20 часот. Повеќето од играчите на ПСЖ кои играат дерби против Марсеј во Лига 1 во исто време нема да бидат присутни. А, фаворитот за „Златната топка“, Дембеле не е во тимот за овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

