Светот остана без најголемиот во историјата: Почина Пеле!

Светот остана без најголемиот фудбалски Бог во својата историја – легендарниот Едсон Арантес до Насименто – Пеле!

Како што пренесоа сите бразилски медиуми Пеле почина попладнево во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст не успевајќи да ја добие битката со ракот на дебелото црево кој го лечеше од 2021 година.

Смртта ја потврди и неговиот агент Џо Фрага.

Пеле едногласно се смета за еден од најголемите во историјата на фудбалот кој го однесе Бразил до светските височини освојувајќи три титули светски шампион. Помина две децении маѓепсувајќи ги навивачите и фудбалските фанатици ширум светот, како најдобриот стрелец во историјата на бразилски Сантош и бразилската репрезентација.

Се вчитува...