Светот се прашува зошто постои ВАР: Мароко оштетен за очигледен пенал!? (ВИДЕО)

Франција се пласираше во финалето на Мундијалот во Катар по триумфот од 2-0 против Мароко во полуфиналето на шампионатот.

Заслужено „петлите“ ќе играат во финалето, но факт е и дека нештата можеа да бидат многу поразлични во синоќешната полуфинална пресметка ако беше досуден очигледен пенал за Мароко во првото полувреме при водство од 1-0 за Французите.

Контроверзна ситуација се случи во 27. минута кога Мароканецот Софиане Буфал беше очигледно соборен во шеснаесетникот од Тео Хернандез. Зачудувачки, мексиканскиот судија Артуро Рамос означи прекршок на Мароканецот и му додели жолт картон. А, ситуацијата во најмала рака е и тоа како сомнителна. Хернандез со левата нога ја оттурна топката, но потоа загуби контрола и очигледно го собори противничкиот играч. Но, уште позачудувачки е зошто воопшто не се огласи ВАР-собата, затоа што јасно е дека Хернандез загуби контрола.

Фудбалскиот свет остана зачуден од таа ситуација, пред се во прашалник „каде е и зошто постои ВАР, затоа што факт е дека Хернандез загуби контрола над топката но и над себе втурнувајќи се во противничкиот играч!?“.

 

Се вчитува...