Светот во неверување: Алвеш поради бизарна работа избегна поголема затворска казна

Пресудата на судот во Барселона, според која Дани Алвеш е осуден на затвор за силување, никого не изненади, но, должината на истата го навлече гневот на јавноста…

Бразилецот е осуден на четири и пол години затвор, додека жртвата ќе има доживотни последици поради арогантниот фудбалер кој мислеше дека може да има што сака и кого сака.

Алвеш ја доби речиси минималната можна затворска казна бидејќи обвинителот побара од четири до 12 години. А причината е бизарна! Имено, судот како олеснителна околност го прифатил тоа што Бразилецот бил „мртов пијан“ во моментот на делото.

Последниот ангажман на Алвеш беше во мексиканскиот УНАМ Пумас, а претходно играше за Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севилја.

Се вчитува...