Кристијано Роналдо, по добивањето на специјалната награда од ФИФА „The Best“, се обрати кон јавноста и ја изненади со својата одлука за заминување во пензија. Напаѓачот на Манчестер јуанјтед уште еднаш ја покажа својата страст кон фудбалот, но и желбата да игра уште долго на професионално ниво, па најави декa планира да игра уште 4-5 години.
Светската фудбалска асоцијација му оддаде почит на Португалецот кој постави нов светски рекорд за меѓународни голови во 2021 година. Сега 36-годишниот фудбалер има 115 постигнати голови. Роналдо со 109 гола го надмина поранешниот ирански напаѓач Али Даеи.
„Горд сум што сум најдобар стрелец на сите времиња на меѓународно ниво. Сè уште имам страст да играм и да постигнувам голови. Кога излегувам на теренот, дури и на тренинзите, мотивацијата ми е таму. Имам околу 37 години, но се чувствувам одлично. Планирам да играм уште четири или пет години“, изјави Роналдо.
Во гласањето за Златната топка – 2021 година, португалскиот напаѓач го зазеде шестото место. Роналдо оваа сезона настапи на 22 настапи за Манчестер јунајтед, а запиша 14 гола и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА