Светот во шок: Срцето на Марадона ќе патува со Аргентина на Мундијалот во Катар!?

Светот се шокираше откако одекна веста дека компанија задолжена за односи со јавност и една маркетинг агенција од Аргентина дошче до чудна идеја. Имено, тие планираат изваденото срце на Диего Марадона да го однесат со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар.

Сметаат дека тоа срце би било дополнителна инспирација за играчите да го освојат Мундијалот.

„Сакаме да го исполниме она што сметаме дека би било негова желба. Сакаме срцето на Марадона да патува со репрезентацијата во Катар. На тој начин и тој би патувал со нив, би бил со нив во кампот, собите, автобусот, соблекувалната, теренот. Ако Бог и Диего така сакаат седум натпревари подоцна ќе го имаме посакуваниот трофеј. Ова е нашиот сон и сакаме истиот да стане јаве на сите“, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите.

Марадона почина во ноевмри 2020 година како последица од срцев удар. Тогаш неговото срце заради испитување беше извадено, по што било утврдено дека било тешко околу половина килограм, а просечната тежина е околу 300 грама. Марадона е погребан без срцето.

Се вчитува...