Светска првенка во атлетика суспендирана поради допинг

Светската првенка на 3.000 метри со пречки Нора Џеруто, привремено е суспендирана поради употреба на недозволени средства, објави Комисијата за интегритет во атлетиката (АИУ). АИУ не објави детали, ниту какви средства употребувала Џеруто, ниту на колку време ќе биде суспендирана.

Џеруто е родена во Кеинија, но настапува за Казахстан, а на СП во Јуџин дојде до златото со време од 853,02, што е рекорд на светските првенства и трет најдобар резултат на сите времиња на 3.000 метри со пречки.

Таа го освои и првото место во Дијамантската лига во 2021 година, како и во 2016 година на Африканското првенство во Дурбан.

Се вчитува...