Светска сензација во ФА Купот: „Фенерџијата“ во Чемпионшип го елиминираше Ливерпул!

Екипата на Ливерпул остана без еден трофеј во Англија, откако денеска сензационално беше елиминиран од 1/16 финалето на ФА Купот од Плимут, последнопласираниот тим во Чемпионшип.

На свој терен Харди од пенал му донесе голема победа на Плимут, откако беше прецизен од белата точка во 53. минута од средбата. Ливерпул одигра речиси со втор состав, но тоа не е оправдување за екипата од „Енфилд“.

По негативата, Арне Слот се обиде со некои стандарни првотимци да избегне катастрофа, но не успеа во тоа, а Плимут успеа да се одбрани.

Претходно во следната фаза се пласираше тимот на Вулверхемптон кој со 0-2 како гостин го совлада Блекбурн.

Се вчитува...