Светската атлетика им забрани на трансродовите спортистки да се натпреваруаат со жените

Светската аматерска атлетска федерација одлучи од 31. март оваа година трансродовите луѓе да немаат право за настап во трките во женска конкуренција. Првиот човек на светската атлетика лорд Себастијан Коу ја објасни оваа одлука едноставно.

„Мораме да ја заштитиме категоријата жени“, накратко истакна Коу. 

Слична одлука минатата година донесе и ФИНА. ИААФ одлучи дека во женска конкуренција можат да се натпреваруваат само оние кои имаат ниво на тестостерон помало од 2,5 наномоли на литар. Досега границата беше пет наномоли. За да може да се натпреварува, оваа граница мора да биде помала најмалку 24 последователни месеци.

Коу рече дека работната група може да воведе посебна категорија за трансродовите лица во наредниот период.

Се вчитува...