Светската круна пресуди – Дешамп е тренер на годината

Дидие Дешамп е добитник на наградата за најдобар тренер на годината, откако францускиот стратег победи во силна конкуренција на Зинедин Зидан и на Златко Далиќ. На крајот сепак пресуди светската круна освоена на Мундијалот во Русија, со што Дешамп стана еден од ретките кои стигнал до големиот пехар и како играч и како селектор.

„Благодарам за наградата, воедно и им честитам на Далиќ и на Зидан, кои подеднакво ја заслужуваа оваа награда. Благодарност до претседателот на федерацијата за трпението што го покажа кон мене. Јас ја добивам наградата за најдобар тренер, но знаеме дека подеднакво заслужни за неа се и моите фудбалери, како и целокупниот стручен штаб во француската репрезентација“ – изјави Дешамп при приемот на големото признание.

Се вчитува...