На нигериската атлетичарка и светска шампионка на 100 метри со пречки, Тоби Амусан, и е укината привремената суспензија поради допинг, објави Атлетската единица за интегритет.
Суспензијата е укината на еден ден пред почетокот на Светското првенство во Будимпешта, а Амусан ќе може да се појави на патеката во вторник.
Амусан беше привремено суспендирана во јули поради прекршување на правилата за анти-допинг на местото на живеење за помалку од една година. Дисциплинскиот суд смета дека спортистот „не направил повреда на антидопинг прописите“.
АИУ соопшти дека е „разочарана од одлуката“ на дисциплинскиот трибунал и го задржа правото на жалба до Судот за спортска арбитража. Во 2022 година таа постави светски рекорд на 100 метри со пречки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА