Женската штафета на Австралија на 4х200 метри слободен стил го постави единствениот светски рекорд на петтиот ден од Светското првенство во пливање кое се одржува во јапонска Фукуока.
Австралиската штафета во состав Моли О’Калахан, Шејна Џек, Брајана Тросел и Ариарне Титмус до победата стигна со неверојатно време од 7:37.50 минути што беше за скоро две секунди подобро од досегашниот светски рекорд.
Второто место и припадна на штафетата на Соединетите Американски Држави (Гемел, Ледецки, Симс и Шакел), додека со бронза се закити Кина (Ли, Ли, Ал и Лиу).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА