Женската штафета на Aвстралија постави нов светски рекорд на трката на 4×200 метри слободно. Австалискиот тим во состав Ариарне Титмус, Медисон Вилсон, Бриана Тросел и Ема Мекион постави време од 7:41.50 стотинки, што е за 58 стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд кој го држеше кинеската штафета од Светското првенство во Рим 2009.
Среброто им припадна на Американките (Симоне Мануел, Кејти Ледецки, Мелани Маргалис и Кејти Меклафлин), кои доцнеа 37 стотинки зад времето на победничките, со што го поставија вториот најдобар резултат во историјата на оваа делница. Со бронзата се закити канадската штафета во состав Кајла Санчез, Тејлор Рак, Емили Оверхолт и Пени Олексиак.
World Record Alert? ? ? ? ?
Australia sets a new WR for the Women’s 4×200 Free Relay!
TIME: 7:41:50 #FINAGwangju2019 pic.twitter.com/1SYXcjChU4— FINA (@fina1908) July 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА