Светски рекорд: Познато е колку Челси ќе да му исплати на Потер за отказот

Грем Потер повеќе не е тренер на Челси откако раководството на „сините“ конечно се реши да му даде отказ на англискиот стратег за катастрофалните резултати. Потег седна на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“ пред седум месеци откако за негов ангажман беше исплатено обесштетување до Брајтон, а на 31 одигран натпревар запиша биланс од 12 победи, осум неренешени натпревари и 11 порази.

Потег при пристигнувањето во Лондон потпиша пет годишен договор вреден 13.6 милиони фунти по сезона со што проценките беа дека за отказот ќе треба да му бидат исплатени околку 57 милиони евра. До истото нема да дојде бидејќи клубот и тренерот постигнале меѓусебен договор, но сепак сумата која Тод Боели ќе ја издвои ќе биде рекордна.

Станува збор за компензација од 24.5 милиони евра која е светски рекорд за тренер кој останал без работа, пренесуваат англиските медиуми.

Пред раководството на Челси е и прашањето за негов наследник. На листата на имиња кои се споменуваат се: Маурицио Покетино, Зинедин Зидан, Марко Силва и Јулијан Нагелсман.

Се вчитува...