Американскиот квартет, Реган Смит, Лили Кинг, Кејси Далиа и Симон Мануел постави нов светски рекорд на штафетата четири пати по 100 метри мешано. Тимот САД четирите измени ги исплива за 3.50.40 минути и го подобри рекордот кој беше поставен во Будимпешта пред две години, а исто така им припагаше на американските пливачки.
Реган Смит ов првата измена го урна и светскиот рекорд на 100 метри грбно. Таа исплива резултат 57.57 секунди. Среброто на го освои штафетата на Австралија, а бронзата отиде на градите на пливачките од Канада.
Последниот ден во базенот во Гванжу на Светското првенство го обележа и трумфот на британската штафета во машка конкуренција на четри пати по 100 метри мешано. За првиот воопшто златен медал во оваа дисциплина Британците славеа поставувајќи нов европски реорд од 3.28.10.
Катинка Хошу пак на завршниот натпреварувачки ден тирумфираше на 400 метри мешано, за неа ова е петти последовен златен медал на Светските првенства во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА