Светски рекордер преживеа авионска несреќа: Фала му на Бог што сме живи…

Двократниот олимписки шампион и актуелниот светски рекордер на 800 метра, Давид Рудиша преживеал страшна несреќа откако авионот со кој тој и уште пет други луѓе патувале во саботата се срушил во неговата родна Кенија.

Сведоштвото од страшната несреќа која сепак има среќен крај го пренесе самиот Рудиша кој му се заблагодари на Бог, а го пофали и пилотот за одлично завршената задача.

„Се беше во ред, но седум или осум минути во летот моторот одеднаш се стиши. Пилотот виде чист простор на кој се обиде да го слета авионот, но едното крило удри во стебло и авионот започна да се врти пред да падне на карпесто поле. Му благодарам на Бог што сите преживеавме и поминавме без тешки повреди. Само еден колега остана во болница. Беше навистина застрашувачки. Пилотот беше неверојатно добар“, вели Кениецот.

Се вчитува...