Онаму каде што застана на Олимписките игри во Париз, Леон Маршан продолжи на митингот во Светскиот куп во Сингапур, на 25-метарски базени.
Одличниот Французин на митингот во Сингапур го собори светскиот рекорд во 200 мешано. Четирикратниот олимписки шампион на целта стигна за 1:48,88 минута.
Претходниот најдобар резултат на сите времиња на оваа делница го имаше Американецот Рајан Лохте со 1:49,63 минута кој го постигна во далечната 2012 година.
Реган Смит ја достигна границата од соништата и на 100 грбно. Американката ја запре стоперката на 54,27 секундии за 14 стотинки го надмина резултатот што го постави пред само неколку дена во Инчеон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА