Сезоната 2023/24 е веќе зад Партизан и Црвена Звезда па белградските евролигаши започнаа со комплетирање на составот за престојните предизвици по крајот на летото. Двата српски тима водат битка и кога станува збор за трансфер метите, а Џордан Лојд не е единствениот кошаркар за кој се заинтересирани тие.
Посакувано засилување за Обрадовиќ и Сферопулос е и германскиот репрезентативец Јоханес Тиман кој изминатата сезона настапувајќи за Алба бележеше просек од 12.7 поени, 5.2 скокови и 1.9 асистенции по натпревар во Евролигата.
Светскиот шампион со Германија не е желба само на Партизан и Црвена Звезда. За него заинтересиран е и Макаби, а според европските медиуми Германецот е и најблиску до потпис со израелскиот тим од Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА