Легендата на Лидс Јунајтед и освојувач на Светското првенство со Англија во 1966 година Норман Хантер е хоспитализиран откако бил позитивен на коронавирус.
Англискиот клуб веста за заразата на 76-годишниот Хантер ја објави на својата официјална веб-страна. Хантер во дресот на Лидс Јунајтед забележа 560 натпревари на кои 18 пати се забележа во листата на стрелците. Освен за Лидс настапуваше и за Бристол Сити и Барнли пред да стави крај на кариерата во 1982 година.
Хантер беше дел од единствената златна генерација на Англија која во 1966 година на домашен терен се радуваше на титулата од Мундијалите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

