Американскиот скијач Кајл Смејн загина во лавина во Јапонија на 31-годишна возраст. Смејн беше светски шампион во 2015 година во слободно скијање во дисциплината халфпајп.
Трагичната вест ја објави неговата сопруга Дремис на Инстаграм.
„Драг сопруг и целиот мој свет, официјално се венчавме на 18. ноември 2022 година, за што не знаеја многу луѓе. Неверојатно сум благодарна што се оженив со тебе и што те имав во мојот живот“, напиша Драмис.
Смејн беше еден од двајцата мажи кои властите во Нагано, Јапонија ги пронајдоа мртви, откако беа однесени од лавина. Полицијата соопшти дека тие биле меѓу 13. лица кои ги погодила лавината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА