Светскиот првак во велосипедизам, Австралијанецот Роан Денис, кој живее во Џирона, Шпанија, призна дека ги прекршил мерките за забрана за излегување на шпанската влада поради пандемијата на коронавирусот. Тој на Инстаграм објави: „34. ден, пукнав и побегнав од куќата“.
Оваа негова објава крена многу прашина во Шпанија, луѓето на социјалните мрежи негодуваа поради ставот на велосипедистот, а тој набрзо и го избриша статусот.
Најверојатно Денис ќе биде казнет парично, а дел од контроверзниот карактер го покажа и на последната тркса „Тур де Франс“ кога на 80 километри пред крајот се симна од велосипедот потенцирајќи дека е незадоволен од опремата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

