Атлетичарот од Кенија и светски рекордер во улична трка на 10 километри Ронекс Кипруто, е суспендиран поради кршење на антидопинг правилата, објави Атлетската единица за интегритет.
Кипруто, кој има бронзен медал на 10.000 метри на СП во 2019 година, го обори светскиот рекорд на улична трка на 10 км 2020 година (26:24).
Атлетската единица објави дека 23-годишниот Кипруто суспендиран поради употреба на забранети супстанци АБП. АБП се однесува на биолошки пасош на спортистите кои покажуваат отстапувања која може да откријат остатоци од допинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА