Светскиот рекордер на 400 метри со пречки Кевин Јанг повреден во сообраќајна несреќа

Светскиот рекордер на 400 метри со пречки Кевин Јанг заработи повреда на главата во сообраќајка во близината на Свонси.

Олимпискиот шампион од игрите во Барселона 1992 година, бил во автобус кој се забил во тунел, бидејќи тунелот бил со помала висина од дозволената на патот. Полицијата отвори истрага против возачот на автобусот поради несовесно возење.

Јанг бил дел од група на атлетичари од Универзитетот во Свонси, кои биле на пат за Белгија. Во сообраќајката една жена е во критична состојба, две лица се сериозно повредени, додека останатите се во стабилна состојба.

 

Се вчитува...