Светскиот рекордер, со неверојатен финиш успеа да стигне до златниот медал на трката на 5000 метри брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Швеѓанецот во неверојатни последни 800 метри успеа да ја анулира целата негатива и на крајот со време од 6:08.84 што е нов олимписки рекорд да стигне до златниот медал.
Среброто му припадна на одличниот Холанѓанец, Патрик Рост кој доцнеше 47 стоти делови од секундата зад времето на победникот. Бронзата му припадна на Хелгер Енгебратен од Норвешка кој доцнеше 1.04 секунда.
Трикратниот олимписки шампион на оваа делница, легендарниот Холанѓанец, Свен Крамер не стигна до медал и на крајот заврши како деветти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА