Светскиот рели шампионат ќе продолжи во септември во Естонија, потврдија од Светската автомобилска федерација (ФИА). Сезоната беше прекината поради пандемијата од коронавирусот по одржани три трки. ВРЦ годинава првпат ќе биде возен во Естонија и тоа во периодот од 4. до 6. септември, а оваа балтичка држава ќе биде 33. која била домаќин на трките во шампионатот.
Од ФИА најавија дека до крајот на сезоната ќе бидат одржани најмалку пет трки и тоа покрај таа во Естонија, во Турција од 24-26 септември, Германија од 15-18 октомври, Италија 29. октомври 1. ноември, Јапонија 19-22 ноември и Белгија од 2-4 октомври.
Исто така потврдено е дека викендот во Аргентина и дефинитивно е откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА