Светскиот шампион e слободен играч, се враќа ли во Европа?

Мориц Вагнер, германскиот кошаркарски репрезентативец моментално е без ангажман откако неговиот клуб Орландо Меџик се одлучи да не ја искористи опцијата за продолжување на договорот вреден 11 милиони евра за сезоната 2025/26.

Ваквата одлука доаѓа по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на 28-годишникот во декември минатата година. Орландо смета дека со оглед на повредата сумата која треба да ја заработи е преголема па ќе дозволи негово заминување доколку самиот тој не се согласи да остане за помала сума пари.

За крилниот центар кој може да ја покрива и центарската позиција постои голем интерес од Евролигата со оглед на дефицитарниот број на квалитетни високи кошаркари. Еден од оние кои ја чека неговата одлука е доскорешниот шампион Панатинаикос.

Се вчитува...