Она што не му успеа на Лук Литлер минатата година на 16 години, успеа годинава на 17 години да стане светски шампион во пикадо. Англиската тинејџерска сензација во петокот во големото финале го совлада трикратниот светски шампион Мајкл ван Гервен со 7-3 во сетови.
Тим Литлер го постигна најголемиот успех во кариерата и однесе дома чек од 500.000 фунти. Меѓутоа, како што на големо се пишува за него на „островот“ и пошироко, на површина исплива една интересна и крајно необична информација.
Имено, единствената опрема за пикадо која му е потребна на играчот, ако ги исклучиме кошулата, панталоните и патиките, се стрелките. Сепак, легално 17-годишниот Лук Литлер нема право да ја купи „опремата“ бидејќи е класифициран како артикал ограничен според возраста, исто како и ножевите.
Така, во Велика Британија стрелки може да му купи само некој постар и полнолетен, или тоа може да го направи во некоја легално полиберална земја во Европа. Доколку стрелки за пикадо му се продадат на Литлер или на кој било друг малолетник, продавницата може да биде казнета до 5.000 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА