Светскиот шампион во кик-бокс во посета на МОК

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, денеска во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет беше домаќин на златниот кикбоксер Бобан Илиоски, нов светски шампион во дисциплината Лоу Кик, заедно со селекторот на националниот тим, Дејан Митровски – Урко.

Во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија, во битката за светската титула, убедливо го победи Нурбек Уришбоев од Узбекистан.  Илиоски имаше извонредна борба во категоријата до 86 килограми, убедливо со 3-0 победувајќи го Уришбоев во финалната битката на патот до светската круна.

Претходно во полуфиналето Илиоски извојува исто така убедлива победа од 3-0 против Ељан Алкишиyев од Азербејџан.

Македонскиот Олимписки комитет со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони.

Се вчитува...