Светско чудо на Фемке Бол за совршен крај на СП во Будимпешта (видео)

Светското првенство во атлетика што се одржуваше во Будимпешта понуди бројни возбудувања, а како најинтересна ќе остане женската штафета 4×400 метри во која сензационално до златото стигнаа атлетичарките од Хоалндија.

Хероина на трката, но и на целото СП беше Фемке Бол, која на околу 150 метри пред крајот заостануваше десетина метри зад водечката Стејси Ен Вилијамс од Јамајка. Бол се наоѓаше на третото место и успеа најпрвин да ја намали негативата, а потоа во завршните дваесетина метри најпрвин да ја мине ривалката од Велика Британија, а потоа и Вилијамс од Јамајка, за една од најспектакуларните штафетни трки во историјата на светските шампионати.

Погледнете како изгледаше овој неверојатен подвиг на холандската атлетичарка…

Се вчитува...