Претседателот на Кралската шпанска фудбалска асоцијација, Рафаел Лузан, објави дека земјата ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година. ФИФА сè уште не ја објавила оваа одлука, но Лузан е убеден дека Шпанија ќе ја добие оваа битка.
Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат главни домаќини на турнирот, но веќе е познато дека натпреварите ќе се играат и во Аргентина, Парагвај и Уругвај. Главни претенденти за завршницата на турнирот покрај Шпанија е и Мароко, кој неодамна беше домаќин на Африканскиот куп на нации.
Според „Кадена СЕР“, „Сантијаго Бернабе“ најверојатно ќе биде домаќин на финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

