„Светско првенство во сегашните услови само му штети на фудбалот“

Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбал Ули Хенес, испрати критики за Светското првенство 2022 во Катар.

Според Хенес, бојкотот или заминувањето од првенството кое го најавија некои селекции, е погрешен начин, и покрај постојаните критики кон Катар.

„Сегашното светско првенство дефинитивно не е успешно. Јасно е дека веќе му се носи штета на фудбалот. Штетата е веќе видлива за овој Мундијал ако се погледне ентузијазмот на луѓето. Долги години имаше време да се среди ситуацијата. Мислам дека европските федерации не сфатија колкава е нивната моќ“, рече Хенес, алудирајќи на тоа дека многу селекции се откажаа да играат со симболи за различноста на луѓето.

Се вчитува...