Светското клупско првенство со 32 тима почнува во 2025 година

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино соопшти важна вест за клупскиот фудбал. Тој ја потврди информацијата дека почнува нов циклус на Светското клупско првенство и тоа од 2025 година.

Во прашање е турнир на кој ќе учествуваат 32 најдобри клупски екипи во светот, кои ќе се борат за трофејот кој треба во иднина да биде еден од најважните во клупскиот фудбал. Интересно е тоа што ФИФА оваа идеја ја имаше уште во 2021 година, но мораше да ја одложи поради целата ситуација со пандемијата од коронавирусот.

Инфантино изгледа добро размислил и му најави на светот дека доаѓа голема реформа кога е во прашање неатрактивното Светско клупско првенство на кое учествуваат само шампионите на континентите, а кое следната година ќе се игра во Мароко.

Неофицијално, Светското клупско првенство, каде секако Европа ќе обезбеди најголем број учесници, првично треба да се одржи во Мексико, Канада и САД. Исто така, тоа би било голема најава од страна на ФИФА за Светското првенство што ќе се одржи во овие земји во 2026 година, а форматот се уште не е потврден.

Се вчитува...