Светското клупско првенство во 2029 година во Катар во зима!?

Катар сака да го организира Светското клупско првенство во 2029 година, објави „Гардијан“. Евентуалната организација на овој турнир во оваа земја ќе значи дека истиот ќе се одржи во зима.

Владини претставници разговараа со високи претставници на ФИФА за време на тековното првенство во Соединетите Американски Држави и ја изразија својата желба да бидат домаќини на следниот турнир за четири години.

Сепак, Катар може да понуди само девет стадиони, изградени за Мундијалот во 2022 година, што е за два помалку од потребните 11 стадиони за организација на овој турнир.

За време на неформалните дискусии, декември 2029 година беше споменат како најверојатен датум турнирот да се одржи во Катар. 

Се вчитува...