Светското првенство во проблеми: Навивачите масовно ги откажуваат билетите, ФИФА на итен состанок!

Светското првенство во 2026 година беше замислено како најголем фудбалски турнир досега, но проблемите избувнаа долго пред почетокот на истото. Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе, според најновите извештаи, се соочува со бран откажувања на билети и растечко незадоволство кај навивачите.

Според некои извори, речиси 17.000 навивачи ширум светот се откажале од своите веќе купени билети за краток временски период. Тој потег наводно предизвикал тревога во ФИФА, која била принудена да свика итен состанок на раководството уште следната недела поради ситуацијата.

Фокусот е на навивачите од Европа и Јужна Америка, кои отворено зборуваат за својата непријатност и страв од патувањето во Соединетите Држави. Како причини, тие наведуваат комбинација од домашни и надворешни политички околности и социјални тензии, што создало впечаток кај дел од публиката дека патувањето не е доволно безбедно.

Се повеќе има повици и за бојкот на првенството во САД, заедно со пораки за „атмосфера на страв“ и недоверба кон организацијата. Овој бран најави дополнително го зголемува притисокот врз ФИФА пред турнирот, кој, барем на хартија, треба да биде рекорден по бројот на учесници и натпревари.

Освен безбедносните прашања, навивачите се особено лути поради политиката на цени. Навивачките здруженија постојано ги опишуваат потезите на ФИФА како „монументално предавство на обичните навивачи“. Според достапните податоци, оние кои би сакале да ја следат својата репрезентација до финалето би можеле да потрошат до 7.000 долари само за билети.

Се вчитува...