Светското првенство 2030 би можело да биде историско откако желба за организација изразија три различни држави од три различни континенти.
Имено, Министерот за спорт на Египет Ашраф Собхи одржал состанок со претставници од Саудиска Арабија и Грција на кој главна тема била заедничка пријава за домаќинство на собирот на најдобрите фудбалски репрезентации.
Египетските медиуми велат дека желба на Министерството за спорт е изградба на стадион во Ел Аламеин каде би настапвуале дел од репрезентациите, а останатите стадиони ќе ги одредат Саудиска Арабија и Грција.
Со тоа Светското првенство за прв пат би се одржало на три континенти. Египет ќе ја претставува Африка, Саудиска Арабија – Азија, а Грција – Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА