Пари Сен Жермен без проблеми го совлада Рен на гости со 1-4 и повторно се одлепи на девет бода предност во однос на Монако. „Светците“ поведоа многу брзо со голот на Нејмар уште во четвртата минута, по проигрувањето на Мбапе. Токму Мбапе беше стрелец на вториот гол во 17.минута.
Рен намали на 1-2 преку Муубеле, но потоа остана со играч помалку поради исклучувањето на Бенџамин Андре, па Кавани и Нејмар за две минути (75., 76.минута) постигнаа два гола и го решија натпреварот. Во самата завршница исклучен беше и Кимпембе, а Казри не успеа да реализира пенал за домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА