Францускиот првак Пари Сен Жермен нема така лесно да се откаже од трката за ангажман на дефанзивецот Матијс де Лихт. Капитенот на Ајакс се споменуваше како речиси договорено засилување за Барселона, но преговорите се изјаловија, а сега во игра влезе и враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“. Во преден план излезе Јувентус, откако менаџерот Мино Рајола договори одлични услови за својот клиент.
Но, ПСЖ ја зголемува понудата и сака да победи во трката за Де Лихт. Раководството на „светците“ е подготвено да му даде за 3 милиони евра поголема годишна плата на Де Лихт од Јувентус, очекувајќи дека повторно ќе го насочи фокусот на фудбалерот кон Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА