Францускиот клуб Пари Сен Жермен и неговото богато раководство се убедени дека Бразилецот Нејмар нема да си замине од „Паркот на принцовите“ во летниот преоден рок. Иако има најави дека Реал Мадрид би можел да понуди 400 милиони евра за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ поранешниот фудбалер на Барселона, сепак, претседателот Насер Ал – Келаифи уверува дека Нејмар ќе остане меѓу „светците“.
„Во овој момент мислам дека нема ниту еден друг клуб во светот кој на Нејмар би му исполнил повеќе желби од Пари Сен Жермен. Сакам фановите да бидат смирени и им порачувам дека Нејмар е наш фудбалер и нема да замине никаде“, изјави Ал Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА